речник контакт

Хуманитарни забави за лекување на Стојан Димовски

Да се соберат што повеќе средства за лекување во Кина е целта на овие настани. Петок во кафе бар Чао, вечерта во Ноктурно а на 2-ри декември во салата Бели мугри

Петар Печков

Здружението за човекови права  и демократија  ,,46664,,  заедно со Здружението на лица заболени  од церебрална парализа, во соработка со Детската градинка и Лајонс клубот  организира хуманитарна акција.. Целта е да се соберат што повеќе средства за да може Стојанче Димовски да замине во Кина, каде треба да се лекува.

Младиот Стојанче ги одбројува последните 10 дена за да замине во Кине и таму се лекува. Затоа ги поканувам сите хумани луѓе, велешани да дојдат на забавата во  Чао кафе која ќе се одржи  во петок вечер со почеток од 20 часот. Било која собрана помош е потребна на семејството. Наша цел е да му ја оствариме желбата на Стојанче да застане на нозе и може сам да се движи, да чекори без ничија помош. Тој на први декември заминува на тримесечен третман, и секоја сума е добредојдена за него и неговото семејство – изјави Ана Милевска Ѓоргиев од НВО 46664. 

На забавата е предвидено да настапат Мики Секуловски, Бед инфлуенс, Дарко Димов, Ху елс. Потоа продолжува забавта во ноќниот клуб Тарантино. Таму има сопствена програма, но  ќе има поставено касички каде присутните можат да донираат средства. Но велешките невладини организации не застануваат тука со подигнувањето на свеста кај сограѓаните, дека на младиот Димовски му е потребна финансиска помош, за тој д се лекува  во Кина.

Семејството е решено, без оглед на сумата која е собрана да заминат и се  лекуваат во Кина. Не престанува иницијативата за прибирање на средства. Тоа може да се стори и преку жиро сметките и телефонските броеви. За жал имаме бројни случаи на деца со церебрална парализа во Македонија. Затоа е потребно да се формира  Центар  каде веднаш по раѓањето ќе биде познати дали детето има церебрална парализа и веднаш и брзо да се  почне со рехабилитација. Сите како граѓани и држава треба да им се помогне на овие семејства, бидејќи тоа е неопходно и итно    -  рече Далиборка Златева од Здружението на лица заболени  од церебрална парализа.

Таа го најави настанот на 2-ри декември во пресрет на Светскиот ден на лицата со попречениот 3-ти декември. Во салата Бели Мугри  ќе се одржи хуманитарен настан во организација на повеќе граѓански здруженија. 

За собирање на потребните средства семејството Димовски отвориле  донаторски телефонски броеви и жиро сметка.
денарска – 200002631002093 и девизна - 0026311459
ВИП - 077 143 705 и Т-МОБИЛЕ - 070 143 105

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »