речник контакт

Цвета Србова е Вешта жена на Велес за 2018-та (фото)

Таа победи со масата именувана ,,Цветен аранжман,,

Петар Печков

По 26-ти пат во Велeс се одржа манифестацијата ,,Вешта жена за  2018-та,,. На неа победи Цвета Србова, која учествува за прв пат. Таа според жирито и присутните во Розе салата, имаше најмногу поени и беше прогласена за победник од четирите жени учеснички.  

Србова се натпреваруваше со маса именувана ,,Цветен аранжман,,, која се   состоеше од  чоколадна торта со шамрони, главно јадење свинско со пилешко, со зеленчук, кашкавал и пушена сланина, полнети печурки, кофтенца, пилешки прсти, крем салати и пилешки виршли.  

На манифестацијата учестуваше и Силвана Мудроња во категорија Гран при, која само ја промовираше својата  маса и ќе учествува во финалето. 

Велес е трет град од годинашнава манифестација ,,Вешта жена,,. Започна  на 4-ти февруари од Кавадарци, па бевме во Швајцарија.  Победникот се избира од гласови на публика, по  лично убедување а жири комисијата по седум точки: сервирање, аранжирање на салфета и цвеќе, декорација и на главно јадење и негов вкус,  декорација на десерт и општ впечаток - кажа  Снежана Стојановска организатор на манифестацијата Вешта жена. 

Сите жени натпреварувачки, на ниво на Македонија, ќе одат на викенд во Врахос, близу Парга - Грција.  Завршницата на Вешта жена е на крајот од мај месец на Лешочкиот манастир, каде ќе учествуваат победничките од  сите 20 града. 

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »