речник контакт

Цеца бара спас во Господ

Животот на пејачката Светлана - Цеца Ражнатовиќ (37) во следните осум месеци ќе се сведе на престој во нејзината куќа од 2.000 квадрати во елитната белградска населба Дедиње и на одење во нејзиното студио во истиот дел на градот.

Петар Печков

Со посебна дозвола пејачката ќе може да снима спотови, да оди на родителски состаноци, а ако одлучи повторно да застане на лудиот камен, ќе може и да се омажи, но само внатре во ѕидовите на својата вила, во која ќе издржува казна од 8 месечен куќен притвор.

Откако наскоро во нејзиниот дом ќе и стават електронска алка околу ногата, Цеца ќе мора да бара посебна дозвола за секое одење во град. Ако сака да сними албум во своето студио, за тоа ќе мора да побара дозвола од Управата за извршување на кривични санкции, но претходно мора да им достави потребна документација дека работи на тој проект. Исто така, ако сака преглед кај доктор, треба да напише посебна молба. Таа може и да се омажи дома, но претходно за тоа да набави потребна документација и да побара дозвола, објаснува нашиот соговорник од судот и напоменува дека Цеца ќе мора да пишува молба и ако сака да го посети гробот на својот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан (48).

Како што дознава „Ало“, кон крајот на месецот пред да стави пластична црна алка на ногата, Цеца ќе оди во манастирот Илиње, во селото Очаге кај Богатиќ, кој често го посетувала.

Пред да и се ограничи движењето, Цеца ќе оди во манастирот Илиње во мачванското село Очаге, во кој до сега често одела. Бидејќи е голем верник Цеца сака да оди во манастирот да се исповеда и да се помоли на Господ, да и даде сила да го преброди наредниот тежок период, рече за „Ало“ извор близок до пеачката.

И минатиот месец Цеца го посетила тој манастир, во кој секоја втора сабота се одржува т.н. јелеј за осветување. Тоа е голема молитва при која луѓето седум пати се мачкаат со свето масло против напади од ѓаволи. На тој начин со маслото кое се премачкува на челото на верниците се привикува Светиот дух, а крајна цел е оздравување, спасение на болните и простување на гревовите. Овој српски свет манастир е познат по тоа што во него се лечат зависници од дрога, комар, алкохол и други пороци. До манастирот тешко се доаѓа, бидејќи е оддалечен 10 километри од асфалтираниот пат, а непознато е поради што фолк пеачката се одлучила својот духовен мир да го најде токму таму. Службеник на овој манастир е игуменот Исаија Јокиќ, со кој Цеца разговара за верата во Бога, во себе и луѓето.

Ако добие дозвола да работи на својот нов албум, Цеца ќе може редовно да оди до своето студио на улицата „Незнаен јунак“ на Дедиње, кое од нејзината вила во Љутице Богдан е оддалечено 1.829 метри. Студиото на Цеца е современо опремено, а формално се води на нејзината сестра Лидија. Во текот на домашниот притвор, таа ќе се посвети на работата на новиот албум.

Заедно со Цеца во нејзината вила 6 месечна казна ќе издржува и нејзината сестра Лидија, па како што велат извори блиски до пеачката, полесно ќе го пребродат притворот.

Врховниот суд во Белград пред два дена го прифати договорот за признавање на вината кој со обвинителството го склучија Цеца и нејзината сестра, според кој ќе платат на државата милион и пол евра во три рати, во следните две години. Судијката Слаѓана Марковиќ изјави дека казната е „одмерена“ со примена на посебни олеснителни околности, бидејќи се работи за неосудувани лица кои од 2002 година не направиле кривични дела. Цеца и нејзината сестра се обвинети дека од 14 август 2000 до 21 мај 2003 година, со продажба на 10 фудбалери на белградскиот клуб Обилиќ незаконски стекнале 4 милиони германски марки и околу 3,5 милиони долари.

Слободан: Се гордеам со мојата ќерка

Слободан Величковиќ не сакаше да ја коментира пресудата за неговите две ќерки, тврдејќи дека со нив не се слушнал од донесувањето на одлуката за куќен притвор.

- Што се однесува до мене, јас во тоа не бев вклучен. Ако моите две ќерки се задоволни, тогаш и јас сум задоволен. Се гордеам со мојата ќерка Цеца. Среќен сум што имам две убави и паметни ќерки, а медиумите премногу се занимаваа со нив, рече за „Ало“ Слободан Величковиќ. Тој ни рече дека Цеца нема да доаѓа во Житоград пред почетокот на издржувањето на казната, туку дека тој кон крајот на месецот ќе ја посети ќерката во Белград.
 
И го следат секој чекор

Секој чекор на Светлана Ражнатовиќ во следните осум месеци ќе биде следен, рече за ТВ Б92 Драган Бјеличиќ од Управата за извршување на кривични санкции. Електронската алка, која пеачката ќе ја носи на ногата, ќе испраќа сигнал до контролниот центар, во кој два компјутера на секои 20 секунди ќе добиваат податоци за нејзиното движење. Штом ќе излезе од дома, алармот ќе се активира.

Тоа е приемник кој е поврзан со електрично напојување и телефонска мрежа. Испраќачот или трансмитерот кој се поставува на осуденото лице на ногата реагира на присуство на тело, на физичко отстранување или кршење, а регира и на одење. Сите податоци се испраќаат тука на секои 20 секунди, рече Бјеличиќ.

Марина Туцаковиќ: Чесно е!

Марина Туцаковиќ, долгогодишна пријателка на Цеца и лице кое со години нејзините мисли ги преточува во песни, за „Ало“ вели дека пеачката не се чувствува виновна и дека чесно е што дошло до договор.

Мислам дека е чесно тоа што судот прифатил договор меѓу Цеца и обвинителството. На неа тоа и е тешко бидејќи не се чувствува виновна, но барем знае на што е, а исто така сметам дека ова нема да влијае на нејзината кариера. Ќе има мал застој и се надевам дека и за тоа време ќе снима. Денес не и се јавив, се слушнавме пред неколку дена. Не сакам денес да и се јавувам бидејќи сигурно е во гужва, но секој момент сум покрај неа, изјави Марина Туцаковиќ.

Саша Видиќ: Секогаш сум покрај неа

Модниот креатор и стилист Саша Видиќ, кој инаку е еден од најблиските пријатели на најпознатата фолк пеачка во регионот, за нашиот весник не сакаше претерано да го коментира договорот на Светлана Ражнатовиќ со обвинителството.

Навистина не сакам да коментирам. Се слушнав денес со неа и секогаш сум покрај неа. Цеца ми е многу блиска пријателка. Не се видовме и мислам дека од сето ова не треба да се прави спектакл, вели Видиќ, кој за пеачката за нејзиното појавување на суд, креираше уникатен костум.

Се што креирам за Цеца е уникат, така и овој пат белиот костум е единствен. Што се однесува до чевлите, не сум сигурен кои ги одбрав, но мислам дека се „Џими Чу“ или „Маноло Бланик“, откри за „Ало“ познатиот креатор.

Гоца Божиновска: Така мораше да биде!

Пејачката Гоца Божиновска, колешка и пријателка на Цеца Ражнатовиќ, истакна дека е многу среќна што нејзината пријателка успеала да постигне договор со обвинителството и што судот тоа го прифатил, иако, како што таа вели за „Ало“, фолк дивата не е виновна.

 Така мораше да биде. Јас сум најсреќно лице што судот го прифати тој договор и што на нејзините маки наскоро ќе им дојде крај. Покрај неа сум од првиот ден и таа многу се бореше за своите деца. По ова таа ќе биде повторно иста. Тие осум месеци нема да и наштетат, а дали сето ова се случило по нејзина грешка или туѓа, јас не знам. Тоа што го знам е дека Цеца од сето ова ќе излезе посилна и поголема, рече Божиновска.

текстот е превземен од  неделникот Ало Белград

 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »