речник контакт

Црквата Св. Кирил и Методиј вечерва ги отвори вратите за верниците (фото)

Попладнево имаше вечерна богослужба и уметничка програма

Петар Печков

Велешани поитаа да ја посетат црквата Св. Кирил  и Методиј, која  ќе биде осветена утре в недела. Попладнево имаше вечерна богослужба.

На неа  служеше Митрополитот Дебарско - Кичевски г. Тимотеј а гостин беше Митрополитот Брегалнички г. Иларион. 

Во продолжение  настапија двата велешки црковни хора,  Св. вмч. Пантелејмон“ од Велес и младинскиот црковен хор „Св. Кирил и Методија,,.

Поради дождот програма беше скратена и изведена во храмот.

Осветувањето на храмот Св. Кирил  и Методиј е в недела од  8 часот. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »