речник контакт

Чадиев слави во Велес, како нов градоначалник

Според партиските информации Чадиев 17.915, Коцевски 14.350 гласа

Петар Печков

Велес доби нов градоначалник, повторно од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Вечерва од партиските простории Чадиев ја прогласи победата.

 Голема благодарност за вербата што ми ја дадовте и што заедно работевме месец дена.  Ви ветувам работа, ви ветувам исполнување на проектите кој ги најавив. Мојата програма граѓаните ја прифатија и тоа е моја обврска. Затоа сме ВМРО - затоа народот ни даде доверба, ние треба да се вложиме. Ова  е седма победа по ред на ВМРО во Велес. Оваа победа е обврска за сите нас, советниците, за мене како градоначалник, за пратениците, за претседавачот на Советот, но и за Владата и сите заедно да го градиме Велес. Вечерва славиме а од утре започнуваме со работа.   Ви благодарам – изјави Славчо Чадиев прогласувајќи ја победата.

Неофицијалните информации се дека тој освоил  17.915 гласа а против кандидатот Аце Коцевски 14.350.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »