речник контакт

Чадиев -изградба на пешачки мост до населбата Речани

Подобрување на условите за живеење во населбата Речани цел на Чадиев

Петар Печков

Во наредниот 4-годишен мандат еден од приоритетите како градоначалник ќе ми биде подобрување на условите во населбата Речани. Овде живеат се поголем број на наши сограѓани на кои најголем проблем им е комуникацијата со централното градско подрачје,.

Бидејки постоечките решенија значат пристигнување во централното градско подрачје по заобилоен пат, ние ќе реализираме проект: Изградба на пешачки мост до Населбата „Речани”

Мостот дирекно ќе ги поврзе со градскиот парк. На тој начин значително ќе се скрати патот и времето на движење. Освен жителите на населбата Речани, очекуваме мостот секојдневно да го користат и граѓаните од Весела долина и Трпезица.

Вкупната вредност на проектот изнесува 15 милиони денари. Истоврмено, покрај овој капитален објект ќе изработиме и:

проектна документација за изградба на мост до Населбата „Речани”

Урбанистички ќе се уреди овој дел на градот со носење на детален план

Продолжуваме и до поставување на нови водоводни и канализациони линии во населбата

Предвидовме 1 милион денари за реконструкција на две улици во Речани  

2 милиони денари за изградба на тротоар по улицата Академик Пенчо Давчев.

Ова е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Ние имаме реални проекти, со рокови и со финасиски средства кои се предвидени за нивна реализација - порача Славчо Чадиев кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »