речник контакт

Чеплес во снег до гуша

Тројца планинари по повеќе часовно пешачење стигна и престојуваа на Чеплес. Репортажа од оваа ретка слика која малкумина ја доживеале

Петар Печков

Тројца смели планинари на овие снежни услови се качија до планинарскиот дом Чеплес. Тој е на височина од 1500 метри во подножјето на Солунска глава, на планината Јакупица  и во снежна блокада. Неколкучасовните напори да се дојде до домот биле успешни и тројцата  планинари престојувале  два дена таму. 

Велешаните Марковски Марјан, Здравевски Марјан и  скопјанецот Илиевски Дејан морале да минат повеќе од шест часови пеш од селото  Нежилово, по завени патеки за да дојдат до домот. Велат дека за нив ова било предизвик истовремено и задоволство, на вакви временски услови да се стигне до планинарскиот дом Чеплес.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »