речник контакт

Черешна се од корен корнеше

Во Лозово склучен првиот брак со субвенции од локалната власт и бизнис заедницата

Петар Печков

Станоја Јангеловски од селото Дурфулија стапи во брак со Албанката Блеринда Раволи  од Корча. Тие освен што се вљубиле на прв поглед,  Станоја ја освоил и со тоа што има купатило. Тоа била основната причина што  Блеринда се согласила да дојде да живее во  Македонија. Таа била тука четири месеци на проба а според момчето бракот се случил случајно.

Работев како шофер и пред некое време, таму во Корча ја сретнав. Јас бев на пат  за Валона. Така се запознавме и ја поканив да дојде, да пробаме да видиме дали може да живееме заедно. Доаѓаат прво да видат како  е дома. Најважно е дали имаш купатило, ако не нема  ништо од бракот .Бидејќи е невработена ќе работи тутун – рече младоженецот Јангеловски кој има 52 години. 

Свадба не се знае дали ќе има, бидејќи и двајцата сега се невработени. На нивната венчавка во Лозово имаше  високи гости, градоначалникот на општината Орце Цветковски и директорката на винаријата Лозар од Велес Тања Контевска. Ова оти Станоја и Блеринда се првите кои стапија во брак по одлуката на локалните власти да помагаат со 30 илјади денари а Зегин со вино и ракија, како и  можност на невестата за бесплатни медицински прегледи до породувањето  и вработување на еден од брачните партнери во согласност со нивното образование, како и пакет со козметички производи за невестата. 

Блеринда со чудење ја следеше сета гужва околу нивниот брак, но не кажа ниту збор оти се уште не го владее македонскиот јазик.  Во општината имало сега   уште две Албанки на проба, по што ќе се знае дали и тие ќе склучат брак и ќе добијат  парична и материјална помош.   На прашањето  до градоначалникот на Лозово, дали општината ќе го издржи ова финансиски тој  рече

Богатството не се парите, туку семејството и  децата. За десетина години очекуваме дека осетно ќе се намали бројот на немажените и неженетите не само во општината туку и пошироко. По оваа наша мерка,   имаме најава од агенција од Скопје за  доаѓање на два автобуси со моми од Русија – најави  градоначалникот Цветковски.

Досега во општината  имале 17 снаи Албанки, две од Русија. За да стигнат гостите од Русија  било потребно да се најдат средства за да се пречекаат и угостат.   Еднократна помош се доделува на з ергените над 40 години и момите над 35 години  доколку склопат брак а одлуката е донесена од Советот  едногласно сите советници и од власта и опозицијата ја поддржале оваа одлука.  Во општината  има 98 ергени и 8 моми.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »