речник контакт

Четворица велешки лекари на листата од 100 најдобри во земјава за април

Докторките Алчева, Панчевска,Стојанова и доктор Спасевски меѓу најдобрите во земјава за април

Петар Печков

Четворица велешки лекари  се најдоа меѓу најдобро рангираните во Македонија за април. Доктор Марга Алчева интернист, д-р Лидија Андоновска Панчевска педијатар и д-р Роза Стојанова инфектолог  од ЈЗУ Општа Болница и  Јордан Спасевски  интернист од Специјална  Болница за белодробни заболувања и туберкулоза – Јасеново.

Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок во висина од нето плата, во која се вклучени сите додатоци на плата на здравствениот работник (двојна плата) за месецот за кој постигнал најдобар резултат.

Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во април, годинава, бројот на извршени интервенции, типот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »