речник контакт

Четворица ново заразени со ковид-19 во велешко, една пациентка почина

Eден пациент оздравен. Во велешко активни се 33 случаи

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во велешко има четири  нови случаи на позитивни со ковид-19, еден оздравен и еден починат, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

Во велешко активни се 33 случаи а досега 13 лица починаа вкупната  бројка на заразени се искачи на 182 лица. Како оздравени се водат  132, од позитивните 24 се на домашно лекување а две лица се лекуваат на приватна клиника.  

Еден случај на позитивен  е лице кое веќе било сместено на Инфективно одделение, имало симптоми и резултатите потврдија дека е позитивен на ковид-19. Трите други лица се од Велес, и се кластер од вчера потврденото тричлено семејство кое беше позитивно.  Две лица се припадници на СВР Велес и не се во врска со вчера позитивното лице од МВР кое работи како гранична полиција во ПС Петровец, има  и една  девојка позитивна на корона вирусот. Починатото лице е жена од велешко село од источната страна, на 68 годишна возраст, која била одамна на лекување  во Скопје. Има и еден оздравен, лице кое било на домашно лекување и по два негативни резултати  се води како оздравен - изјавија од Центарот за јавно здравје од Велес. 

На Инфективно одделение во велешката Болница има  15 лица за едно се чекаат резултати а четири од потврдените позитивни се на кислородна поддршка, информираше д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »