Петар Печков
Објавено: недела, 18 април 2021
Градски стадион Зоран Паунов во Велес
судија Александар Грујовски Кичево
стрелец Бианор 79`
картони: жолт Шиков, Ристовски (ФК Б); Бианор, Наумовски, Фаит (ФКШ)
ФК БОРЕЦ 1919: Ефремов, Чичевски, Ефтимов, Ибрахимовиќ, Коцев, Мишевски, Мишов, Османовски, Ристовски, Шиков, Стоименовски
ФК ШКУПИ 1927: Наумовски, Адем, Адеми, Алварез, Бианор, Цветаноски, Диак, Глигоров, Кривањева, Рутубјаје, Трапановски
Лошата резултатска серија на фудбалерите на ФК Борец никако да заврши. Денес во 28-то коло од Првата лига, поразени се дома со 0:1 од екипата на ФК Шкупи, која е второпласирана.
Откако гостите имаа пораз од отпишаниот фенерџијата ФК Беласица“ дома, го сменија тренерот, за нов го поставија Гоце Седлоски, кој имаше успешен старт. Решавачкиот момент беше во 790-тата минута кога домашната добрана не реагираше енергично, и чаирчани постигнаа гол, кој беше и решавачки. Велешани во 45-тата минута имаа можност да поведат, а гостинскиот голман ефектно одбрани. Во второто полувреме голманот на Борец одбрани два удари во рамките на голот и спречи фудбалерите на ФК Шкупи да се радуваат.
По ова 28-мо коло, и четвртиот последователен пораз, ФК Борец се најде на 8-то место со 33 бода, два повеќе од ФК Ренова која со 9-тото место, од кое се игра за опстанок. А следното коло, следниот викенд велешани гостуваат на лидерот ФК Шкендија во Тетово. Иако во првиот дел од првенството, велешани беа поблиску до врвот, серијата од пет натпревари без победа, ги симна на табелата.
Tweet |