речник контакт

Четврти турнир во одбојка на песок

Во машка конкуренција победија Димовски и Апел во женска косовките Јашари Ибраими

Петар Печков

Изминатиот викенд во Велес се одржа четвртиот турнир во одбојка на песок. Учествуваа 14 пара, осум во машка и шест во женска конкуренција од Србија, Косово и Македонија. Во машка конкуренција победија  Димовски и Апел кој со 2:0 ( 13,20) ги победија  Колев и Давчев. Третото место го освоија  косовците Ибраими и Бериша.

Во женска конкуренција победија косовките Јашари и Ибраими (лани финалисти). Тие беа подобри од Ружиновска и Георгиевска со 2:1 ( 13, -21, 11). Третото место  беше за Ивановска и Ефремовска.  Натпреварите ги судеа Амбарков и Белевски. Организатор на турнирот беше ОК Борец Брако а финансиски помогнат од Општина Велес.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »