речник контакт

Четвртото судењето за убиството во Ореше не започна

Бранителите бараат изземање на судијките, обвинителството тврди ова е одолговлекување на постапката

Петар Печков

Судскиот процес за убиството на Лазо Милошевски во селото Ореше, кој требаше да започне  по четврти пат во Основниот Суд во Велес,  не се случи. Адвокатите  на обвинетите процедурално побара изземање на  новите судијки, Тања Милева и Габриела Гајдова  кои го водат предметот.  Причина тие биле вклучени во  претходни постапки за ова дело.

Според Законот, пред започнување на главниот претрес побаравме да бидат изземени  претседателот на судечкиот совет и членот, оти  двете учествувале во овој предмет. Тие  биле дел од кривичен совет, едната пeт  пати, другата еднаш при одредувањето на  мерката продолжување на притвор за обвинетите.  Законот предвидува дека во ваков случај не може да постапува во предметот. Ќе видиме како ќе се изјасни претседателот на судот. Важно е во овој предмет конечно да почнеме да работиме според Законот, тоа минатите  пати не  беше случај – изјави  Ѕвонко Давидовиќ бранител на обвинетите браќа Љупчо и Ордан Ѓеоргиевски.

Тој посочи Судскиот совет да внимава на процесните работи дали претседателот на судот од  Велес  има изминат мандат или ги исполнил условите за пензија.  Не прецизираше дали и претходната ослободителна пресуда за неговите клиенти  е  работена надвор од Законот, како и првите две осудителни. 

Давидовиќ образложението зошто бараат изземање на судискиот совет го кажа надвор од судница, во изјава за новинарите пред зградата на велешкиот суд. Во судницата тој најави дека причините за изземањето ќе ги достави во писмена форма во рок  од три дена.  Ова беше  повод за обвинување од обвинителството, дека се наоѓаат начини за одлагање на почетокот.

  Овој предлог на бранителите е во функција на одолговлекување на процесот – изјави обвинителката Славица Темелковски. 

Според обвинението  Ордан и Љупчо Георгиевски го убиле  Лазо Милошевски ( 71 год) на 2-ри декември 2005-тата година, додека тој во неговата куќа подготвувал вечера. Од соседниот двор од триесетина метри растојание околу 20,40 часот биле истрелани два куршуми од кои едниот завршил во Милошевски  и бил фатален за него. Старецот е пронајден мртов од соселаните следното утро.  Обвинителството смета дека убиството било извршено по нарачка на орешанецот Ѓоре Петровски кој од 1997-ма живееше на Флорида во САД заради одмазда. Тој за 20 илјади долари побарал од браќата Георгиевски да го убијат Милошевски, бидејќи во 1995-та Петровски бил застрелан во глава, но преживеал а тој сметал дека на него, на железничката станица Орешка чука, пукал Милошевски.

За овој предмет браќата во два наврати добија по 12 години затвор, но и во двата случаи Апелација го враќаше предметот на повторно судење.  Во третиот случај, откако  првообвинетиот нарачателот Петровски беше донесен во Македонија, сите тројца добија ослободителна пресуда. Но и таа Апелација ја врати на  ново судење, поради ,,неразбирливоста и противречната ослободителна пресуда,,.

По ова Основниот суд  од Велес побара изземање од овој предмет  а Апелација ова го отфрли со образложение дека ,,судот во Велес е месно надлежен да постапува по овој предмет, бидејќи делото е сторено на негова територија, постапката  веќе почнала и се водела пред него,,.  Почетокот на судењето во нов термин е најавено за  први април.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »