речник контакт

Четири велешки клуба кои викендов настапија, победија

Победи забележаа одбојкарите, футсал фудбалерите, кошаркарите

Петар Печков

 Успешен спортски викенд зад нас. Сите четири велешки клуба кои настапија и победија. 

Одбојкарите на ГОК Борец дома славеа со максимални 3:0 (9,15,21) против екипата на Дибра волеј од Дебар. Ова беше натпревар од втората фаза во разигрувањето од 7-мо до 9-то место а велешани имаат две победи и се игра двокружно, секој со секого, дома и на гости. 

Футсал екипата на КМФ Велес дома победи со убедливи 5:0 против КМФ Мал Ајакс од Штип. Ова беше средба од 13-тото коло на Првата лига. Во Втора лига, екипата на КМ Ф Кеги моби на гостувањето кај КМФ Биџо победи со 3:6 и останува лидер во оваа конкуренција по 13 кола. 

Кошаркарите на КК Борец баскет по серијата од пет последователни порази, конечно славеа. Поразен беше скопска КК Спарта која имаше две победи а велешани победија со 85:73. По ова 10-тои коло велешани се искачија на 4-тото место со 13 бода. Следното коло КК Борец баскет гостува во Струмица на истоимената екипа, која е трета со седум победи и  16 бода.

фото Р.Дукова

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »