речник контакт

Четири дена Велес со високи вредности на ПМ 10, локалната власт предупредува

Препораки до граѓаните за да се намали загадувањето на воздухот, за зачувување на здравјето, но и за заштита на ранливите категории

Петар Печков

Согласно уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност и долгорочни цели (Службен весник на Р.Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 мг/м3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од Министерството за животна средина со допис информираа дека во деновите 27.01.2018 и 28.01.2018 година во Велес овие вредности се повисоки до граничната вредност  - стои ви писмената информација од Општина Велес.   Патем овие високи вредности над 100  мг / м3 се присутни и  на 29-ти и 30-ти  јануари.  

При надминување на прагот на информирање на сила стапуваат препораките за граѓаните издадени од Интерсекторската работна група за квалитет на воздух.

Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (два последователни дена со среднодневни концентрации над 100 µg/m3) се препорачува:

Да се користи јавниот превоз

Возила да не се користат без поголема потреба

Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време

Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал

Правилно да се користат печките за дрва 

Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ  ги даваат следните препораки:

Ограничени движења и активностина отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »