речник контакт

Четири дена не работеше апаратот за квалитетот на воздухот во Велес

Проработи вчера кога беа измерени 120 мг/м3

Петар Печков

Четири дена, недела 11-ти - среда 14 јануари, не работеше апаратот за квалитетот на воздухот во Велес, на Министерството за животна средина. Толку дена велешани не знаеја каков е квалитетот на амбиенталниот воздух во градот. Не се мереа ниту часовните вредности на ПМ2,5 честичките.

Наспроти тоа мерните инструменти на локалната власт покажуваа високи вредности на ПМ10 честички, посебно вчера, четврток, кои часовно се искачија и  до 165 мг/м3 во 21ч..

Од вечера апаратот, кој е лоциран во дворот на градинката во населба Тунел е повторно во функција. Средно дневната вредност вчера изнесуваше 120 мг/м3.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »