речник контакт

Четири кандидати за претседател на Основен суд Велес

Четворица судии конкурирале за претседател на Основниот суд во Велес.

Петар Печков

Во четвртиот обид да се избере претседател на Основен суд Велес, се пријавиле четворица кандидати, за разлика од претходните овој пат нов име е судија кривичар додека тројцата останати се истите кои и претходно бараа доверба за најодговорното место во велешкиот суд, но не ја добија од Републичкиот судски совет.

Двајцата кандидати се од граѓанскиот оддел а еден кандидат суди стопански предмети. Бидејќи е летна ферија во судството, евентуалниот избор може да се очекува во средината на септември.

Новиот претседател со првата крупна задача со која ќе се судри е да се одблокира сметката на судот, поради која многу кривични предмети, со бројни притвори , чекаат да бидат сработени, а поротниците осум месеци немаат земено надомест.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »