речник контакт

Чистење на диви депонии и дезинфекција на јавните површини, со цел заштита од корона вирусот

ЈКП Дервен интензивно работи на повеќе локации во градот

Петар Печков

Оваа седмица  локалната власт спроведува вонредно чистење на повеќе диви депонии во Велес  но и дезинфекција на јавните површини, како  превентива од корона вирусот.  Досега се исчистени неколку диви депонии а активноста продолжува и наредните денови. Истите простори потоа се дезинфицираат.

ЈКП  „Дервен” интензивно и континуирано работи на чистење на дивите депонии и на локации со отпад од непознато потекло. Истовремено  се врши  дезинфекција на јавните површини  а овие активности ќе се одвиваат сè додека постои опасноста од заразување со корона вирусот (COVID – 19) - изјавија од Општина Велес. 

Во изминатиот период исчистена е дивата депонија околу поранешниот хотел „Вила Зора”, како и подрачјето на брегот на реката Вардар. Овие денови се расчистуваат дивите депонии на брегот на реката Вардар кај „УСКА”, позади трафиките на улица „Димитар Влахов”, како и на парковата површина под Железниот мост.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »