речник контакт

Шакали и мечки го сардисаа село Еловец

Мечките го изедоа бостанот, шакалите влеаја страв .

Петар Печков

Изминатиот период неканети гости доаѓаат во село Еловец.   Глутници шакали се до влезот на селото а мечки го  изедоа бостанот. Мештаните зборуваат за овие несакани средби на кои се сами сведоци.

Шакали дојдоа до под селото. И тоа ги  имаше пет –шест. Демнеа се обидовме  да ги избркаме со викање но не  помогна. Дојде еден ловџија испука во воздух неколку куршуми и се разбегаа. Но страв се вели кај нас, може да нападнат – велат мештаните на  село Еловец.   

Шакалот е заштитен  со закон и не смее да се  убива, исто како и рисот и мечката. На ова подолго време се спротивставуваат ловџиите и  бараат  промена, оти ова животно прави големи штети.

Но во Еловец, поточно во околината и мечка ова лето направи големи штети.

Бостанот кој е покрај патот кон Лисиче , целосно го изедоа мечките. Како се настрвија, нема бостан. Иако  местото е фреквентно, таа овие два месеци се   насладуваше. Добро е што не тргна на кошниците со мед – велат жителите на ова село, во Општина  Чашка

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »