речник контакт

Шатки, фазани и диви свињи пуштени по велешките ловишта

Од почетокот на месецов започна и ловната сезона

Петар Печков

На  повеќе локации Ловното друштво Руен изврши населување на   ситен, пердувест и крупен дивеч по ловиштата во велешко.  Во четири наврати пуштени се по 60 шатки, по течението на реката Вардар во велешкиот ревир, потоа 400 фазани и 11 диви свињи.  

Ова е нивна  обврска со програмата за работа, која ја понудиле кога пред Министерството за земјоделие и шумарство, конкурираа за концесија и таа етапно ја исполнуваат. Сиот овој дивеч тие го одгледуваат во четирите нивни одлгедувалишта кои ги имаат за диви свињи, елени, шатки и фазани.

А од почетокот на месецов, први октомври започна  и ловната сезона која ќе трае до крајот на март, следната година. Овој викенд е првата хајка и тоа во околина на селото Рудник.

Здружението  на ловци ,,Руен,,  брои 700 членови,со ловечка дозвола кои имаат можност да ловат ситен, крупен и пердувест дивеч.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »