речник контакт

Шест години затвор за 40 кг хероин

Германецот Блага Александру ( 44 год) доби шест години затвор затоа што беше фатен во обидот да прошверцува 39 кг хероин, ова е пресуда на Основниот суд во Велес.

Петар Печков

Настанот се случи на  17 декември минатата година во 21,30 часот на граничниот премин Богородица на македонско -грчката граница, кога во неговиот автомобил мерцедес во специјално направен бункер, полицијата открила 38 пакувања на хероин, подготвен за продажба, чија пазарна вредност се проценува на 400 илјади евра. Обвинетиот е се бранеше дека дрогата му е подметната од непознати лица, додека автомобилот му бил на поправка.

Кочниците не   функционираа  уште во Србија, поради што на бензиската пумпа при влезот во Македонија застанав да видам што е проблемот. Тогаш му пријде еден господин,  уредно облечен ми се претстави како ,,Земо,, и ми рече дека ќе ми помогне. Мојот нов мерцедес, купен пред десетина дена, тој го зема со шлеп служба а мене ме однесе во Скопје во хотел. Тука останав три дена и четири ноќи додека не ми ги поправија кочниците. Ми објаснија дека требало оригинални делови па ќе почекам додека автомобилот се среди. Во четвртокот доцна попладнето Земо ми го врати мерцедесот од еден мајстор, чии име не можев да го прочитам бидејќи беше на кирилица, а тоа беше некаде на крај на Скопје. Потоа со колата заминав за Солун каде имав договорен состанок со деловни партнери – изјави Александру.

Тој во одбрана рече дека е наместен од конкуренцијата, од непознати луѓе во бизнис со продажба на градежни машини, во која сакал да влезе а за што патувал во Грција.  За Обвинителството Александру со умисла го сторил делото, бидејќи на време на престојот во Македонија ниту еднаш не се обратил за помош до Германската амбасада, имал можност да побара овластен сервисер за мерцедес во Скопје за поправка но тоа не го сторил, ниту пак побарал помош од АМСМ за бесплатен шлеп иако имал патничко осигурување.

Обвинителството сметаше дека, за  германецот со романско потекло. обидот за шверц на 39 кг хероин бил планиран чин а во прилог на тоа е што поправката на возилото траела 4 дена колку што треба време да се инсталира т.н.,,бункер,, за дрогата иако поправка на кочници се работела за 3-4 часа. За нив беше чудно што тој во Солун бил договорен на деловна средба на 20-ти декември а во Македонија допатувал  седум дена претходно. 

Згора на тоа Александру не знаеше да одговори колку пари го чинел престојот во хотелите иако сам ги плаќал сметките.  Неговите бранители пак сметаа дека делото е сторено како резултат на невнимание, лекомисленост и збунетост кои можат да му се случат на секој човек кога ќе има дефект со колата во друга држава. Тие како олеснителна околност побараа при изрекувањето на казната да му се земе предвид и тоа што 2-те од 4-те малолетни  деца се со посебни потреби и требаат постојана грижа на двајцата родители. Адвокатите се заблагодарија за брзата судска постапка, за процесот кој траеше три дена.

При изрекувањето на пресудата обвинетиот со себе постојано ја имаше Библијата. До правосилноста на пресудата Блага Александру останува во притвор. Судскиот процес го следеше неговата сопруга како и претставници на Германската амбасада во Скопје.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »