речник контакт

Шест ново заразени со ковид-19 во Велес, седум оздравени

Сите ново заразени се во роднинска врска со претходно позитивните на ковид-19

Петар Печков

Изминатото  деноноќие во Велес се регистрирани нови шест случаи на лица позитивни на ковид-19. Истовремено седум пациенти се водат како излекувани, откако биле последователно негативни на два теста на земени брисеви.

Ова се информациите од Центарот за јавно здравје Велес за ТрМр, од каде дополнуваат дека сите шест лица кои имаат корона вирус се во роднинска врска со претходно заразените.

Со ова бројот на активни случаи во Велес е 46, додека вкупно заболени се 101 лице.  Во последните четири дена во Велес се  регистрирани се 24 случаи на корона вирус а повеќето се вработени од текстилна конфекција или нивни блиски.     

На Инфективно одделение при велешка Болница денес се сместени 28 пациенти, за  четворица се чекаат резултати од земените брисеви.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »