речник контакт

Шест суштества на планетата без кои не можеме да преживееме

Од бројните загрозени видови на планетата, научниците издвоија шест чие спасување треба да биде приоритет, за да можеме да преживееме.

Петар Печков

Видови кои се од витално значење за опстанокот на планетата,  сега се на раб на изумирање..

Планетата Земја е гигантски еко систем, кој многу полесно е да се исфрли од рамнотежа од што сметаа луѓето. За жал, токму тоа ни се случува како последица од нашите активности.

Пчелите се на врвот на листата на загрозени видови.
Во последните 20 години популацијата на пчелите во некои краишта доживеала истребување од 80 отсто. Ако не најдеме начин како да се зголеми пчелната популација, ни се заканува изумирање.

Планктоните произведуваат 50 отсто кислород на планетата.
Спротивно на верувањето, планктоните не се еден вид туку група на разни животни. Грубо се дефинираат како посебни видови кои се толку мали што не можат да се справат со струјата и да пливаат сами. Поради отровите кои се испуштаат во океаните и тие се животно загрозени. Замислете количината на кислородот да се намали за половина, тоа ќе ни се случи ако не ги заштитиме планктоните.

Пеперугите помагаат кај запрашувањето, како и пчелите.
Овој вид реагира многу брзо и на најмали промени, поради што научниците сакаат да ги следат климатските промени на нивниот пример.

Лилјаците јадат инсекти
Лилјаците се природно оружје против комарци и болести кои тие ги пренесуваат, па исто така се витален дел од Земјиниот еко систем. За жал, еден од пет вида на лилјаци моментално е пред изумирање поради губење на местата за живеење.

Рибите се борци против климатските промени.
Освен што се составен дел од ланецот за исхрана, новите истражувања покажуваат дека рибите ја намалуваат киселоста на океаните.

Печурките имаат посебно значење во природниот ред.
Печурките се природни рециклатори, бидејќи се хранат со мртви организми и ги претвораат во хранливи материи во околината. Им се заканува изумирање поради губење на место на живеење, повеќе од кој било  друг животински вид.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »