речник контакт

Шест филмови во недела на современиот германски филм

Од 18-ти до 22-ти октомври бесплатно во велешки театар

Петар Печков

Шест нови играни филмови од Германски производство ќе бидат прикажани во Велес во рамките на ,,12-тиот Фестивал на новиот германски филм,,  . Тој ќе се одржи од вторник 18-ти октомври до сабота 22 октомври, во салата на велешкиот театар а влезот е бесплатен.  Фестивалот се одржува во организација нa германската амбасада во Скопје и со поддршка на Прокредит банка.

Првата проекција е вторник 18-ти октомври и тоа на филмот ,,Мед во главата,, трагикомедија од    140 минути.  „Мед во главата“ ја раскажува приказната за 11 годишната Тилда и дедото Амандус, кој страда од Алцхајмерова болест. По конфузниот говор на погребот на сопругата Маргарете, Амандус се вселува кај својот син Нико (Тил Швајгер) и неговата сопруга Сара, која не е баш многу воодушевена од овој план. Откако Амандус за малку ќе ја запалел кујната, Нико сфаќа дека за неговиот татко не постои друга алтернатива освен дом.Тилда многу го сака дедото и не сака да го прифати тоа. Без многу размислување го грабнува својот дедо. Двајцата тргнуваат на незаборавно патување, со цел да се исполни најголемата желба на Амандус: да ја види уште еднаш Венеција. 

В среда е најавена акционата комедија ,, За една девојка,, во траење од 105 минути. Изнервирана од училиштето, семејството и здодевните женски разговори, петнаесетгодишната Чарлин импулсивно ќе се обиде да изврши самоубиство, но безуспешно, па ќе заврши во болница. Како аутсајдер таа и понатаму ќе мора да се соочува со проблемите во текот на созревањето, но и да си го троши времето со сопствената загрижена мајка со тврдоглавиот терапевт и некоја нервозна жена од Службата за младинци. Барајќи си го психотерапевтот), Чарлин налетува на бубалицата Линус . Неочекувано тие стануваат блиски.

Четврток на програмата се два филма. Првиот од 16ч. детскиот ,,Куќата на крокодилите,, во траење од 95 мин. Родителите на Виктор  ќе заминат на службено патување, а тој ќе остане сам со сестрите Луизе и Кора во големата, стара вила, во која од неодамна е доселено семејството. Талкајќи низ просториите на куќата, Виктор ќе здогледа морничава фигура во огледалото, која се движи зад него низ собата. Дали се тоа разбојници? Додека пребарува по собите, Виктор ќе го најде стариот дневник на неговата постара роднина Сесилиа, која пред многу години починала под нејасни околности во куќата. Виктор фасцинирано ја листа пожолтената книга и ги следи загадочните упатства. Ќе го одведат ли тие до вистината за смртта на Сесилиа. За време на потрагата секогаш одново ќе наидува на мали препарирани крокодили со дупки кај очите. Знае ли можеби сомнителната сосетка, госпоѓа Дебиш  што се случило во минатото?

Истиот ден во терминот од  18ч. е,,Хердер, помеѓу два света,, семејна драма  во времетраење од 84 мин. По смртта на мајка си, таа најголемиот дел од времето дома го поминува грижејќи се за малиот брат Емре . Таткото Хасан секој ден води битка како привремен работник да го прехрани малото семејство. И во училиште тинејџерката има постојано проблеми, бидејќи нејзината фрустрација ја направила агресивна. Кога еден ден Ајлин одново ќе стане жртва на мобинг, ќе се одбрани со насилство, а на сметка на тоа ќе биде осудена на општо корисна работа во една коњушница. Ова е последната шанса на Ајлин да спречи да добие укор од училиштето. Отсуството на емоции кај негувателката Ирис ѝ ја отежнува адаптацијата во коњушницата. Но, тогаш го сретнува Хердур, дивиот црн исландски коњ. Развива пријателство кон коњот, но и страст за јавање. Ирис и Ајлин сѐ повеќе се спријателуваат. Негувателката би сакала да го поттикне талентот на германската Турчинка. Но таткото на Ајлин не е воодушевен од оваа идеја…

Петок е предвидена проекција на дамата,,Државата против Фриц Бауер,, во траење од 105 минути.   Дванаесет години по крајот на војната, 1957, бескомпромисниот генерален јавен обвинител Фриц Бауер добива јасно укажување за тоа каде се крие поранешниот СС потполковник Адолф Ајхман. Додека младата Сојузна Република сака да ги заборави воените години, Фриц Бауер и младиот јавен обвинител Карл Ангерман ќе откриваат сѐ повеќе за заднината на Ајхман. Спротивно од главниот јавен обвинител, Улрих Крајдлер и соработникот на Сојузната криминалистичка служба, Паул Гебхарт, Бауер ќе даде сѐ од себе за да ја започне борбата против невидливиот противник.

Сабота за крај на овој мини фестивал е филмот ,,Тура на животот,, трагикомедија од 95 мин.  Како и секоја година, Ханес и сопругата Кики заминуваат со најблиските пријатели на велосипедска тура. Годинава Ханес има право да ја избере турата – и за жал на другите, се одлучува за здодевната Белгија. Но, за време на велосипедската тура ќе се случи нешто сосема поразлично – пријателите дознаваат дека Ханес страда од неизлечива болест и ова патување му е последно. По првиот шок, патувањето прераснува во дива, неповторлива тура; преку Ханес пријателите осознаваат колку навистина е скапоцен животот и почнуваат да живеат.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »