речник контакт

Шеќерната трска им носи и профит и болест

Како жителите на еден американски град се борат со зголемена дебелина, дијабетис, висок крвен притисок, срцеви болести

Петар Печков

Мораа да исчезнат. Апаратите за кока кола, грицки, како и фритезите, фрлени на улица стоеја заедно со друг отпад под црното небо зад Основното училиште Киркпатрик, едно од неколкуте основни училишта во Кларксдејл во Сојузната Држава Мисисипи.

Тоа се случуваше пред седум години кога властите почнуваа да ја сфаќаат сериозноста на проблемот. Кларксдејл, град на устието на две реки, познат по настанокот во златното доба Делта блуз, чии полиња со памук и рамниците се простираат покрај брегот на Мисисипи и чии викторијански куќи се уште блескаат со својата убавина, се најде во центар на огромната американска здравствена криза.

Зголемена дебелина, дијабетис, висок крвен притисок, срцеви болести. Некои научници тврдат дека сето тоа е последица од конзумирање на производи од шеќерна трска, посеви од кои многу предци на денешните жители на Кларксдејл стигнаа на оваа хемисфера во ланци.

Сфативме дека мораме нешто да преземеме – вели Сузан Волтон, директорка на Киркпатрик.

Волтон која се родила и пораснала во Кларксдејл, ме води низ училиштето и ми раскажува за начините на кои ова училиште се обидува да помогне на своите ученици – печено наместо пржено, овошје наместо колачи – од кои многу деца земаат два дневни оброка во училишниот ресторан.

Таа носи бел мантил, наставничка униформа која инаку се носи во понеделник, а со која се истакнува посветеноста на ова училиште на здрав живот и здравјето. Афроамериканци се 91 отсто од учениците, додека седум отсто се белци, а тројцата латиноамериканци ги сочинуваат преостанатите два отсто. – Овие деца јадат што ќе им се понуди, а тоа најчесто е премногу благо и многу евтина храна: колачи, кремови… Тоа мора да се промени, бидејќи влијае на здравјето на учениците – вели таа.

Да го наведеме како пример Николас Скурлок кој неодамна се запиша на прва година на Средното училиште Оукхерст во Кларксдејл. Ник, кој едвај доволно е висок да му се дозволи во забавните паркови да се вози на тобоганите на смртта, имаше 61 килограми кога појде во петто одделение.

Се ужаснуваше од часовите по физичко. Имаше проблеми со трчањето, со дишењето, имаше проблеми со се.

 Секако, јас не сум таа која треба да зборувам за тоа – додава Волтон низ насмевка, плескајќи се по бутините. – И јас сум предебела.

Се сретнувам со Ник во училишниот ресторан, каде седи со својата мајка Варки Џонс, убава жена на свои 38 години. Таа ми вели дека ги променила своите навики во исхраната, за себе и за да даде пример на Ник.

 Јадев колачи по цел ден бидејќи седам покрај канцелариска маса. И што друго ми преостанува? Сега колачите ги заменив за целер – вели таа. – Луѓето ми велат дека тоа сега го правам бидејќи имам момче. А јас им велам, дека тоа го правам бидејќи сакам да живеам и да бидам здрава.

Земета чаша вода и додајте шеќер додека водата не допре до работ на чашата и оставете ја така да стои пет часа. Кога ќе се вратите, ќе видите дека шеќерот кристализирал на дното на чашата. Кларксдејл, голем град во регион каде има најдебели луѓе, во најдебелата сојузна држава, во најдебелата развиена држава на светот, се наоѓа на дното на американската чаша, каде шеќерот кристализира во телата на децата како што е Ник Скурлок, кој е олицетворение на прекумерно конзумирање на шеќер.

 текстот е преземен од Национална географија

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »