речник контакт

Шолја за чај продадена за 36 милиони долари

Таа е една од десетте во светот и потекнува од 15 век

Петар Печков

Ретка порцеланска шолја, создадена во периодот на кинеската династија Минг, продадена е на аукција во Хонгконг за рекордни 36 милиони долари


Малата шолја од бел порцелан, со цртеж на кој се прикажани петли, кокошки и пилиња, поради што е наречена „пилешка шолја“, потекнува од времето на владеењето на царот Ченгуа (1465-1487 г.).
Со ова е поставен нов рекорд за продавање предмет од кинески порцелан.

Досегашниот рекорд го држеше вазната од периодот на царот Чиен Лунг, која во 2010 година на аукција беше продадена за 32,58 милиони долари.

Познавачите на кинескиот порцелан ја опишуваат шолјата како светиот грал и како митски предмет во кинеската уметност.

Купувач е поранешен таксист, 50-годишниот Лиу Јичиан, кој денес е еден од најбогатите Кинези. Неговиот имот се проценува на 1,6 милијарда долари.

„Пилешката шолја“ е само една од вкупно дваесет во светот.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »