речник контакт

Штала со триесетина крави среде Керамидна

Таа постои десет години и досега никој од надлежните не реагирал

Петар Печков

Во населба Керамидна, во урбанизираниот дел на Велес лоцирана е штала. Таа се наоѓа на улица Мите Богоевски 24 и постои повеќе од десет години. Исто толку време и соседите и жителите на овој дел од градот посочуваат, апелираат до надлежните дека во град не може да се чува стока, но реакции нема. Кравите се секојдневие на повеќе илјади велешани бидејќи кога одат на паша, шетаат  освен во населба Керамидна и во  населба Тунел.

Соседот иако уште пред осум години ни вети, дека штом населбата ќе се урбанизира, тој самиот ќе ја затвори шталата и ќе ги однесе говедата. Но ни по толку години ништо од ветеното. Сме биел на повеќе места а сите креваат раменици, никој не е надлежен. А многу е јасно дека во град не може да се чува стока, животни – велат жителите од соседството.

Освен што има штала, тие реагираат и на миризбата која се шири од говедата. Посебно ова летно време кога, поголем дел од денот, соседите се надвор, во нивните дворови, но не можат таму и долго да останат. За нив е несфатливо и како може КЈП Дервен да го приклучи овој објект на водоводната и канализационата мрежа, кога истиот не е стопански субјект и плаќа вода  и одвод по цена за домаќинство.

Ги научивме  и говедата  како се викаат, Цвета, Бошко,  Мирка,Шарка Белка, има и Милка. Како нема да ги знаеме, кога соседот кога ги шета ги именува и вика по нив. А тоа се случува секој ден со години. Така и ние ги знаеме нивните имиња. Единствената добра работа е што децата и внуците знаат во живо како изгледаат кравите и кој дава млеко – велат соседите.

Звукот на ѕвонците ечи и до зградите во населба Тунел. И додека соседите се повикуваат на законот, кој не дозволува во населено место да се чуваат животни, сопственикот Ѓоре Наумов  објаснува дека никому не создава никаков проблем     и затоа не се чувствува виновен. Не мисли да се сели, туку да продолжи да ги одгледува 26-те крави и телиња, од кој ја прехранува пошироката  фамилија. Ги дава на увид документите, со кој докажува дека повеќе стотина метри површина се негова сопственост, со имотен лист. Но никаде не фигурира шталата, како објект.

Шталата е тука изградена  пред  десетина години. Кога таа постоење, немаше куќи овде. Комшиите ги изградија на диво, иако знаеја дека има таков објект. Не им пречеше тогаш, сега им создавала мака. Јас од него прехранувам шест гладни усти, никој ништо не работиме и кравите  за фамилијата  се егзистенција. Кравите ги изнесувам на паша наутро, доаѓаат назад доцна навечер само за спиење и поење. Изметот со трактор го исфрлам, далеку в поле, така што тие на смрдат, тоа е  од свињарската фарма која е во близина.  Ако им пречи шталата нека си одат. Ако е до екологијата во моето дворно место имам засадено 300 садници дрвја, толку е зелено – вели сопственикот Ѓоре Наумов.   

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »