речник контакт

Штанд со честитки и украси на Здружението за заштита на животни ВЕЛЕС

Со купувањето од нив, ги помагате бездомните животни во градот. Штандот ќе биде поставен наредниот викенд на платото пред Судот

Петар Печков

Animals' Voice - Здружение за заштита на животни ВЕЛЕС и оваа зима повторно ќе има поставено штанд каде што ќе се продаваат новогодишни украси и честитки. 

Граѓаните доколку сакаат можат да изработат новогодишни украси и честитки,кои ќе бидат продавани на штандот а парите од продажбата се  наменети за лекување и храна на бездомните и повредени животни. Вашите изработки можете да ги донесете директно на штандот. 

Таму  ќе можете да добиете информации за работата на здружението,доколку сакате да се зачлените исто така ќе биде поставена и кутија за донации .

ШТАНДОТ КЕ БИДЕ ПОСТАВЕН НА 27 И 28 ДЕКЕМВРИ ПРЕД СУДОТ(каде што се поставени новогодишните тезги)

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »