речник контакт

Штетите од сланата пролетва во велешко 3, 8 милиони денари

Најпогодени се кајсиите и грозјето

Петар Печков

Во периодот   од  крајот  на  април  и  почетокот на  мај месец годинава, дел од  територијава  на Општина Велес беше зафатен од  ниски температури, кои предизвикаа појавување  на слана.

Таа предизвика штета на  имот на 8 одгледувачи  на овоштарници и лозја. При тоа сопствениците до локалната власт поднеле   барање за проценка на штета  а комисијата констатирала дека вкупната вредност е во висина од 3,8  милиони денари.

Таа е направена  на површини засадени со кајсии  и со грозје и на малa  површина со бадеми,  сите неосигурани, во реонот на Велес и селата Чолошево и Ораовец. Од слана оштетени се по околу 50 тони кајсии и грозје и еден тон надеми.  

Оваа проценка ќе биде доставена до Владата, која соодветно ќе ги обесштети сопствениците.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »