речник контакт

Штетите од ланското невреме во општина Лозово 149 милиони денари

Површината каде има регистрирано штети е 3.317 хектари а добиени се 705 пријави

Петар Печков

Невремето кое се случи на  13 јуни 2018 година околу 16 часот, Општина Лозово беше проследено со град, ветер и силен дожд. При тоа се направени големи оштетувања на земјоделските површини , поплавени домови, откорнати дрвја и оштетени покриви на објекти.

Комисиите за проценка и утврдување на висината на штета  проценета дека  вкупна штета е во износ од 149.115.128 денари на вкупна површина од 3317ха 47ар 18м2 во сопственост на граѓани и деловни субјекти. 

Извршена е проценка на штетата е врз основа на 705 пријави - 40 од правни субјекти и 665 од физички лица. Земјоделските култури  кои претрпеа штети се: јачмен, пченица,  пченка, 'рж, овес, слануток, сончоглед,  анасон,  грозје  - вранец, смедеревка, афусал, темјаника, каберне савињон, рецикатели ,модри сливи, јапонски сливи,  круши,  јаболка, кајсии,  вишни,  бадеми,  дињи,  лубеници,  тикви,  кромид,   лук, праз, грав, компир, пролетна зелка, пипер, домат,грашок, тутун, цвеќиња расадник со овошни стебла, расадник со  лозови  калеми  и објектите. 

Согласно податоците од елаборатот проценетата штета кај деловните субјекти е во вредност од 104.411.399 денари додека кај физичките лица проценета штета е во вредност од 44.703.729 денари и тоа износ од 44.592.159 денари на оштетени обртни средства, суровини и репродуктивен материјал, полупроизводи и недовршени производи и 111.570 денари на градежни објекти. 

По населени места состојбата е следна:  Каратманово, поднесени 137 пријава за површина од 807ха 21а 24м2 и проценета штета во износ од 43.055.711 денари, Дорфулија поднесени 173 пријави за површина од 636ха 02а 23м2 и проценета штета во износ од 29.417.697 денари, Милино, поднесени 104 пријави за површина од 408ха 42а 31м2 и проценета штета во износ од 23.785.269денари, Лозово поднесени 162 пријави за површина од 554ха 19а 63м2 и проценета штета во износ од 17.938.153денари, Ѓуземелци, поднесени 62 барања за површина од 453ха 64а 13м2 и проценета штета во износ од 14.510.958денари, Аџаматово, поднесени 41 пријава за површина од 119ха 62а 14м2 и проценета штета во износ од 12.303.723 денари, Ќоселери поднесени 3 пријави за површина од 247ха 63а 45м2 и проценета штета во износ од 5.314.428 денари Сарамзалино, поднесени 22 пријави за површина од 21ха 50а 27м2 и проценета штета во износ од 1.440.829 денари,  и Аџибегово поднесени 1 пријави за површина од 69ха 21а 78м2  и проценета штета во износ од 1.348.360 денари. 

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »