речник контакт

Што велешани слушнаа за топилницата од министерот

Адеми разговараше со претставници на граѓанските асоцијации од Велес за проблемот со Топилницата

Петар Печков

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаким Адеми денеска ги прими претставниците на граѓанските асоцијации од Велес и градоначалникот Горан Петров.

На средбата, како што соопшти ресорното Министертсво, Адеми бил запознаен со актуелната состојба околу рестартирање на Топилницата во Велес од страна на фирмата „Метрудхем“ и проблемите со кои се соочуваат велешани од нејзината работа.

Министерот Адеми ја истакнал заложбата на Владата за решавање на овој долгогодишен проблем и ја образложил и законската регулатива во овој процес, односно ингеренциите кои се во надлежност на Министерството за животна средина во делот на постапката за оцена на влијанието врз животната средина, која треба да биде спроведена од страна Министерството во координација со сите засегнати страни, низ транспарентен процес кој ја вклучува јавноста во сите фази на одлучување, стои во соопштението.

Тој информирал дека Министерството досега нема издадено одобрение за започнување со работа на Топилницата и оти од страна на инвеститорот било доставено само писмо за намерата.

Според соопштението, на средбата бил донесен заклучок за континуирана комукација на Министерството, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и граѓаните со цел носење на соодветни решенија за надминување на состојбите со загадувањето во Велес, предизвикани од реботењето на Топилницата.

текстот е преземен од МИА

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »