речник контакт

Што може во светот да се купи за 5 долари

Во Австрија можете да купите 1.36 килограми банани, во Франција 2.26, во САД 3.85, а во Етиопија 11.33 килограми

Петар Печков

 

Екипата од BuzzFeed направила видео во кое ги споредиле цените на храната во светот. За пример земале одредени прехранбени намирници (ориз, банани...) и провериле колку таква храна можат да купат во различни земји, во вредност од 5 долари.

Во Австрија можете да купите 1.36 кг банани, во Франција 2.26 кг, во САД 3.85, а во Етиопија 11.33 кг.

Во Италија можете да купите 0.22 кг кафе, во САД 0.36 кг, во Франција 0.45 кг, во Индија 0.68 кг

Во Австрија еден Big Mac, во Русија два, во Јапонија 1.5, во САД 1.15, во Шведска 0.65.

Во САД 3.17 килограми ориз, во Кина 5.4, во Авганистан 6.35, во Јапонија 0.90 килограми.

Во Велика Британија 2.50 кг компир, во САД 3.5 кг, во Етиопија 14 кг.

Во Шведска 15 јајца, во Канада 19, во САД 34 јајца, во Кина 64.

Во Франција 0.35 килограми мелено месо, во Кина 0.45, во САД 0.70, во Велика Британија 1 килограм.

Во САД 4 пива, во Јапонија едно, во Велика Британија две, а во Кина 12 пива.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »