речник контакт

Што се изгоре со пожарот летово кај езеро Младост, освен 400 ха површина

два км прагови од пругата Велес- Кочани, 120 кошници пчели, опрема на ресторан Панини, камп приколка, лимена барака....

Петар Печков

Пожарот  случен на 26 август 2019 година во околината на  езеро Младост,   ја зафати и околината на селата  Башино Село, Отовица, Новачани освен  изгорената  борова шума и  сува  трава во површина од 400 хектари,  предизвика и други штети. За нив јавноста дозна од информацијата за работа на Полициска страна Велес. Еве што се изгоре таму, на крајот од летото. 

Зафанати се   прагови  од железничката линија Велес-Кочани  во дел  од  околу  2 км поради што бил прекинат  железничкиот сообраќај.  Поради  пожарот  во  времето  од 18.10 ч до 19.40  ч беше во пекин и сообраќајот по автопатот Скопје-Велес . Опожарена  е камп приколка, лимена барака со алат, два мотори, половни делови, 20 дрва ореви, целосно изгорени 120 пчелни семејства во дрвени сандаци, настана штета на ресторан Панини каде се изгорени трафостаница со инсталација, две пумпи за вода, од струјниот удар дефект на ледомадот марка „Скоеман„ и од искрите оштетени две тенди на терасата на бродот и оштетување на 4 соларни панели, пожар во свињарска фарма каде е изгорено опрема, 300 метри кровна конструкција, елеватор, селектор за жито, дрвена граѓа, на место викано  ,,Под Црква,, атар на Башино  Село изгорена и е викендица, 25 дрва мигдал,еден орев, една цреша и еден ред лозје- пишува во писмениот документ. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »