речник контакт

Што се случува со човековото тело на високите температури

Препораки за заштита од високите температури

Петар Печков

Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност на амбиенталниот воздух е висока, потта е уште потешко да испари и следствено и ладењето на телото се отежнува.

Кога телото станува премногу жешко или има проблеми да ја балансира температурата, тоа може да доведе до чувство на слабост, сува уста, вртоглавица, гадење, прекумерно потење, сува кожа, грчеви. При влошување на т.н. „сончаница“ може да се појават и следните симптоми и знаци  престанок на потење, екстремно топла кожа, конфузија (зашеметеност), забрзана срцева фреквенција, отежнато дишење, несвестица и сѐ до смртен исход.

Ранливи групи на населението:
•         Лица над 60 години, бремени жени, деца, социјално ранливи, работници на отворено.
•         Лица со хронични заболувања како што се:
o   Лица со кардиоваскуларни болести, белодробни и бубрежни болести, шеќерна болест, ментални болести, дебелина и лица под терапија која го зголемува мокрењето (диуретици, некои лекови за епилепсија, Паркинсонова болест итн.).

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛО ВРЕМЕ

1. Избегнувајте директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
2. Носете светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и светлобојна капа со висок свод и широк обод.
3. Останете во затворени и климатизирани простории.
4. При неопходен престој на отворен простор во овој период, најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
5. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.
6. Внесувајте умерена количина храна. Избегнувајте масна и висококалорична храна како и храна која содржи голема количина на шеќер.
7. Внесувајте доволно течности во текот на целиот ден, без да чекате да почувствувате жед. Најдобар избор е водата за пиење, а може да се консумираат и минерални безалкохолни пијалаци. Избегнувајте алкохолни пијалаци, пијалаци што содржат кофеин и многу ладни пијалаци.
8. Кога сте во паркирано возило, отворете го прозорецот со цел да овозможите вентилација. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
9. Туширајте се со млака вода по потреба. За дополнително разладување, ставајте ладни облоги или потопете ги стапалата во ладна вода.
10. Лицата со хронични болести, особено оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар.


Што доколку не се чувствувате добро?
1.      Ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во постудено место колку што е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура.
2.      Консумирајте вода или негазиран минерален пијалак за да се рехидрирате.
3.      Ако имате болен мускулен грч, најчесто во нозете, рацете и стомакот, веднаш одморете се на студено место и консумирајте течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
4.      Ако некој член од Вашето семејство, или лице на кое помагате, има топла и сува кожа, грчеви и/или е во бессознание, веднаш повикајте 194 или 112; Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, и подигнете ги нозете над 20 см висина.
5.      Отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење, како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода.
6.      Не давајте терапија.
7.      Ако лицето е во бессознание, поставете го во бочна положба.

текстот е изработен од Институтот за јавно здравје на Македонија

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »