речник контакт

Штрајк на СОНК во Велес само во средното Коле Неделковски

Наставата во останатите средни и основни училишта се одвива редовно

Петар Печков

Просветните работници  од средното училиште Коле Неделковски единствени во Велес го поддржаа штрајкот на СОНК. Поголемиот дел од вработените во училиштето беа на работа, но не држеа настава. 

Го поддржуваме штрајкот на СОНК  и неговите барања. Повеќето од  половината од 80-те професори се тука, во просторијата одредена за штрајк,  настава  не одржуваме. Така беше во претпладневната и попладневната смена. Најголем дел  од колегите професори одлучија дека треба да штрајкуваме  - изјави Марина Костова  претседател на СОНК за ова училиште.  

Во претпладневната смена од 32  професори во ова училиште,  настава одржале 11. Учениците од попладневнана смена беа во дворот на училиштето.  

Поддршка на штрајкот во  ,,Коле Неделковски,,  дале и административните вработени како и техничкиот персонал. Според зборовите на претседателот на СОНК за Велес  Петре  Јорданов, штрајкот имало и во ОУ Васил Главинов, но со слаб одѕив.  

Во останатите средни и основни училишта во Велес, според   директорите наставата се одвивало редовно, немало штрајк, немало прекин.

 На 20 јануари, започна второто полугодие  за  6.829 ученика во велешко, од кои 4.099 во  основното, 2.657 во средното образование и 64 во ПОУ „Маца Овчарова”

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »