речник контакт

во село Мелница, Чашка, пуштено во функција парното греење

Системот, вреден 30 илјади евра, во поголем дел го финансираше општина Чашка, а останатиот дел од средствата, пет илјади евра се од Амбасадата на Словачка.

Петар Печков

Амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Роберт Кирнаг и градоначалникот на oпштина Чашка, Горан Панов денеска во подрачно основно училиште „Тодор Јанев“ во селото Мелница го пуштија во функција парното греење.

Системот, вреден 30 илјади евра, во поголем дел го финансира општина Чашка, а останатиот дел од средствата, пет илјади евра се од Амбасадата на Словачка.

Со овој проект ние овозможивме подостојни услови за учениците од ова населно место и енергетски поефикасно  и трајно решение за  долгогодишниот проблемот на ова училиште, кое досега се затоплуваше со дрва - изјави амбасадорот Кирнаг.

Тој најави дека  наскоро во договор со градоначалникот Панов планираат да финансираат и поголеми проекти од областа на водоснабдувањето и изградба на прочистителни и филтер станици.

Градоначалникот Панов рече дека поставувањето на парното греење се наметнало откако училишната зграда пред неколку години била целосно  реновирана, преку проект на Швајцарската амбасада  во Македонија. Откако за училиштето се обезбедиле нова компјутерска опрема, пвц прозори и врати, се наметнало и прашањето за поставување парно. Панов рече дека планираат и изградба на спортска сала.

Тој најави дека парно греење наскоро ќе биде поставено и во училиштето во селото Горно Јаболчиште, сместено под Солунска глава во реонот на Општина Чашка.

Училиштето во Мелница првично е изградено во 1946 година и во моментов таму учат 127 деца, а работат 12 наставници и професори

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »