речник контакт

изложба на струмичанецот Никола Пијанманов

Се претставува со 45 дела изработени во древна техника според која се изработувале и старите македонски икони

Петар Печков

 Во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на младиот академски ликовен уметник Никола Пијанманов од Струмица. Тој првпат се претставува пред велешани со своја самостојна изложба „Изгорена икона“, на која се претставени 45 дела изработени во последните три години во древна техника според која се изработувале и старите македонски икони.

Пијанманов не го користи платното за своја подлога туку дрвото, а работи според традиционални техники, користи шлаг метал, техника со која се позлатувале старите икони според средновековната технологија на икони. Во своите уметнички дела експериментира со стари средновековни технологии на изработка на икони, за што вели дека е негова тајна на изработка.

Уметникот Пијанманов појасни дека во ова време на масовни медиуми, интернет и брзо сликарство малку од младите сликари во своето творештво ги користат старите сликарски техники.

Старите сликарски техники на кои јас работам, бараат многу време, трпение и самоодрекување, потенцира Пијанманов.

Тој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2005 година. Учествувал на повеќе групни изложби, како и на велешката колонија „Папрадишки мајстори“ во 2007 година. Пијанманов изработил живопис во повеќе македонски цркви.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »