речник контакт

„Авторски низ појавното“ по 4-ти пат

Во организација на Народен Музеј Велес, во манастирот св „Богородица“ с. Сливница, Преспа и непосредниот планински амбиент, од 28.07.-06.08.2010. ќе се реализира Уметничкото делување во природа-Авторски низ појавното

Никола Солев

Во организација на Народен Музеј Велес, во манастирот св, „Богородица“ с. Сливница, Преспа и непосредниот планински амбиент, од 28.07.-06.08.2010. ќе се реализира Уметничкото делување во природа-Авторски низ појавното, како континуитет на првиот настан реализиран2004 г. во Ораов Дол-планина Кадиица, велешко, вториот, реализиран2005 г. како викенд престој во манастирот св. арх. Михаил, во Теово,велешко и третиот од 2008, одново на планината Кадиица, велешко.

Со изборот на оваа локација организаторот ја најавува идејатаследните три настани на овој уметнички проект да ги реализира наразлични локации низ Македонија.

“Проектот АВТОРСКИ НИЗ ПОЈАВНОТО е замислен во форма науметничко делување во природа при што група на учесници од различниуметнички области се издвојуваат со десетдневно живеење и творењена планинската област Кадиица во ограничени услови. Неговотонастојување е преку оваа, пред сè, изолирана поставеност, на ниво напојавност во природата да ги отвори прашањата за односот на уметникот(а оттука и) уметноста и природата, субјектот (авторот) и објектот(планината), преиспитувањето и на авторското, и на случајното и напоттикнатото и да се обиде да даде одговори на нив. Во целата овааниза на прашања, како дополнителен елемент е вклучено и влијаниетона групата. Групното живеење, постојаните разговори, размената намислења, сложувањето и/или разидувањето по истите, одговорностакон неа или дозволувањето на авторски, дури и индивидуален исчекород неа, понатаму преиспитувањето на авторскиот однос кон природата,нејзиното збогатување или оштетување, дополнување или одземање,можноста/кадарноста авторот да ги внесе, прилагоди или преиспитанејзините/неговите претходни искуства и творечки поетики (или обидотистите да се остават) итн. го прават овој проект доволно комплексен.”Така за медиумите, меѓу останатото, ќе го претстави овој, по многунешта, специфичен уметнички проект историчарот на уметноста др.Небојша Вилиќ (тогај еден од учесниците и осмислувачите на овој проект), по првата негова реализирација, 2004 г.

Во “Авторски низ појавното 4” ќе учествуваат: Атанас Атанасоски(ликовен уметник), Роберт Алаѓозовски (филолог), Ѓорѓи Крстески(ликовен уметник), Миле Ничевски (ликовен уметник), ОПА-СлободанкаСтевческа и Денис Сарагиновски (уметнички тандем), Станко Павлески(ликовен уметник), Спасе Перовски (ликовен уметник), Кирил Темков(етичар), Бранко Церовац (историчар на уметноста од Ријека,Хрватска). Вклучително и лице за фото, аудио и видео документација.

“Обидот да се дефинира и именува десетдневно престојување нагрупа уметници на планина, нужно нè води кон искуствата на ликовнитеколонии, но “Авторски низ појавното”, така именувано (по подолгидискусии крај огништето на Кадиица) и определено како уметничкоделување во природа, произлегува од идејата да се престојува (домува)во природа, без определена обврска да се создава уметност, штовсушност го акцентира самото престојување и очекуваните случувањакако доволно уметност по себе.”…, а и потаму во својот текст Еденпоглед на трипати “Авторски низ појавното”..., во ЦД изданиетоод 3-то случување, 2008-та.... ќе напише и дополни Станко Павлески.

“Како еден од основачите и учесник на сите досегашни тринастани, можам да подвлечам дека “Авторски низ појавното” еспецифична состојба која во самата своја рамка го контекстуализирапрестојувањето на група уметници во природа, нивното дружење,запознавањето, откривањето и размената на мислења, и авторскотоизразување на индивидуалитети од блиски но различни области наделување (покрај ликовни уметници учествуваа и други автори, како:историчар на уметност, филолог и писател, теолог и проследувачна религиски прашања, блогер и писател, актер), такашто самотоживеење стекнуваше смисла на уметност. Тоа исклучително го мотивирапоединецот на себенаоѓање во рамките на групата и во однос нанесекојдневниот амбиент на домување и комуникација со импресивнатапојавност на околностите, што видно ја поткрева хиперсензитивностана некаква, често не така очекувана изразност, понекогаш дури и вонконтекстот на дотогашното индивидуално авторско искуство и делување.

За мене, “Авторски низ појавното” е слободен простор за авторскатаљубопитност, простор на очекувања и исчекување, простор наразмена на творечки енергии, простор на мирување и контемплација,простор за своевидно летање и вообразби, простор за изразување иреализација на специфични замисли, простор за дишење и впивање наприродата и простор за полносно живеење рамно на самата уметност”.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »