речник контакт

„Арго“ на Бен Афлек се закити со Оскар“ за најдобар филм, Анг Ли за најдобар режисер

Доделени Оскарите, за музичка тема го доби Адел за песната од последниот Џемс Бонд

Петар Печков

Политичкиот трилер „Арго“, што опишува реални настани поврзани со персоналот во американската амбасада во Иран, кои во 1979 година беа земени за заложници, освои „Оскар“ за најдобар филм, пренесоа светските агенции.

Ова е првиот случај филм, по филмот „Возејќи ја мис Дејзи“ од 1989 година, да биде награден со највиската награда на Американската академија за кинематографска уметност и наука а неговиот режисер да не учествува во трката за „Оскар“.

И покрај тоа што Бен Афлек не беше номиниран во категоријата најдобар режисер, неговиот филм „Арго“ се издвои како фаворит, освојувајќи ги наградите на здруженијата на режисерите, сценаристите, продуцентите и филмските актери.

Филмот претходно беше прогласен и за најдобра драма и награден со „Златен глобус“, а на Афлек му донесе и режисерска награда на БАФТА, британскиот еквивалент на оскарите.

Прогласувањето за најдобар филм за „Арго“ го сторија продуцентите на филмот Бен Афлек, Џорџ Клуни и Грант Хеслов.

Заложничката драма се натпреваруваше со филмовите „Љубов“, „Зверовите оф дивиот Југ“, „Џанго без окови“, „Клетници“, „Животот на Пи“, „Линколн“, , „30 минути по полноќ“.

Режисерот Анг Ли го доби својот втор „Оскар“ за филмот „Животот на Пи“, создаден според истоимениот роман на Јан Мартел.

Даниел Деј-Луис стана првиот актер во историјата на „Оскар“-ите, кој по трет пат ја освојува наградата за најдобар актер за филмот „Линколн“.

Деј-Луис (55), кој има британско и ирско државјанство, беше фаворит за „Оскар“-от за главна машка улога. Тој годинава ги осови сите главни награди, меѓу кои „Златен глобус“, британската БАФТА, и признаниаето на американското здружение на филмски актери.

Даниел Деј-Луис станува и првиот актер, кој освоил „Оскар“ за своето претставување на ликот на претседател на САД.

Актерката Џенифер Лоренс го освои својот прв „Оскар“ за најдобра актерка. Наградата и беше доделена за нејзината улога на млада вдовица во филмот „И во добро и во зло“, на режисерот Дејвид О. Расел.

Лоренс (22) и пред ова беше номинирана за „Оскар“ за најдобра актерка во 2008 година за улогата во филмот „Зимски дар“.

Ен Хатавеј го освои својот прв „Оскар“ за најдобра актерка во споредна улога, за претставувањето на ликот на Фантин во мјузиклот „Клетници“.

-Се случи, изјави расположената актерка, гледејќи во статуетката.

Кристоф Валц го освои својот втор „Оскар“ за најдобар актер во споредна улога, во последните четири години, под режисирската палка на Квентин Тарантино. Овој пат престижната награда му се додели за улогата во филмот „Џанго без окови“.

-Учесници сме во едно херојско патување, херојот е Тарантино, истакна Валц земајќи ја наградата.

Трогателната историска драма „Љубов“, на режисерот Михаел Ханеке, ја освои наградата за најдобар филм на странски јазик, откако филмот доминираше и на наградните церемонии во Европа и САД.

Филмот, големиот победник на фестивалот во Кан, изненадувачки доби пет номинации за „Оскар“, а меѓу нив за најдобар филм, најдобар филм на странски јазик, најдобар режисер и сценарио за Михаел Ханеке, и најдобра актерка за Емануел Рива.

„Храбро срце“, историјата на непокорната црвенокоса принцеза, на студиоот „Пиксар“ му го донесе седмиот „Оскар“ за најдобра анимација.За јадобра песна од филм Оскарот го доби Адел за темата од последниот Џемс Бонд.

Американската академија за кинематографска уметност и наука синоќа по 85. пат ги подели најпрестижните награди во светот на филмот - „Оскар“-ите. Церемонијата се оддржа во „Долби театарот“ во Лос Анџелес

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »