речник контакт

„Вечера за глупаци“ на велешки театар одиграна во Пустец,Албанија

Велешките музичари Орхидеја Дукова и Сашко Костов има концерт. Двете содржини беа дел од 20-то издание на фестивалот „Македонско културно лето“

Петар Печков

Со хит претставата „Вечера за глупаци“ велешки театар вчеравечер, среда,  настапи во Пустец, Албанија, на  20-то издание на фестивалот „Македонско културно лето“.

Претставата е во режија на Ненад Витанов а настапија: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски,  Талија Настова, Јордан Витанов,  Кире Ацевски,  Сандра Танчева.

Претставата се одигра на отворено во центарот на Пустец. Веднаш потоа велешките музичари Орхидеја Дукова и Сашко Костов има концерт.

Јубилејно издание, кое е во организација на актерот Едмонд Сотир и Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ се одржува од 1 до 5-ти  јуни, има изложби, концерти. Се одигра и претставата   „Снежана и седумте џуџиња“ на НУ Театар Битола, концерт имаше  и Драган Даутовски. 

Претставата и концертот ги проследија тројца министри од Владата, Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи, и велешаните Панче Тошковски министер за внатрешни работи и Зоран Љутков министер за култура и туризам. 

АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »