речник контакт

„Кога љубовта повикува“ од велешката поетеса Марија ’Ртоска

Промовирана стихозбирката на младата поетеса Марија ’Ртоска

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес  беше промовирана стихозбирката првенец „Кога љубовта повикува“  на младата 17 годишна велешка поетеса Марија ’Ртоска.

Книгата во која се содржани 25 песни излезе од печат  оваа година кога Марија е носител на наградата „Книжевен светилник“ која секоја година ја доделува издавачот „Дата песнопој“ од Битола.

Промоторот на  стихозбирката „Кога љубовта повикува“ писателот и книжевен критичар Игор Крајчев меѓу другото потенцира дена наместо да се послужи со сите готови фрази на љубовно вопсевање,Марија со сите отворени сетила застанува и се соочува со светот.

Не се плаши да признае дека она за што пишува не и е доволно познато, но и дека нејзината младост и налага да биде љубопитна. Таа е поет кој црпи од приказичноста на животот и на реалноста, а светот кој ја опкружува диктира добар дел од стиховите кои нејзината душа ги запишува. Тоа е вистинска реткост во денешно време, кога речиси сите своите стихови ги бараме внатре во нас, онаму каде што е сигурно каде што царува нашето знаење. Марија за разлика од тоа црпи од сето она што ја опкружува, рече Крајчев.

Марија вели дека пишува и раскази дека желба и е еден ден да напише и роман, а со поезија да продолжи секогаш кога ќе биде инспирирана.

Марија ’Ртоска од есен ќе биде матурантка во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес. Таа почнала да пишува поезија  од десет годидишна возраст и е добитник на повеќе книжевни награди и признанија

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »