речник контакт

„Кока Кола“ ја премеси тајната формула во својот „свет“

Веќе 86 години не е поместена, но сега тајната излезе - компанијата „Кока Кола“ ја премести својата 125 години стара формула за „Кока Кола“ во новиот дом во „Светот на Кока Кола“ во Атланта.

Петар Печков

Како кулминација на прославата на 125-годишнината од создавањето на „Кока Кола“, компанијата ја споделува богатата историја и безвремената тајност со откривање на својата тајна формула на сосема нова поставка каде посетителите ќе можат - како никогаш досега - да го доживеат најпрепознатливиот бренд на светот.

За првпат во својата историја, сефот во кој се чува тајната формула ќе биде видлив за јавноста на трајната изложба наречена „Сефот на тајната формула“, кој е отвори во петокот во „Светот на Кока Кола“.

- Ова е посебен ден во историјата на „Кока Кола“ и совршена кулминација на прославата на 125-годишнината, вели Махтар Кент, претседавач и извршен директор во компанијата. - Со соподелувањето на доживувањето од тајната формула со нашите потрошувачи, ги прославуваме и богатата историја од почетоците на брендот, и моментите на освежување и среќа за следните генерации. Ова е сепак поинаков начин со кој ги поздравуваме и им се заблагодаруваме на сите оние во светот кои направија брендот Кока Кола денес да биде она што е.

Компанијата ја премести тајната формула во „Светот на Кока Кола“, од сефот во кој досега беше чувана уште од 1925, во банката „Сан Траст“ во центарот на Атланта.

- Преместувањето на тајната формула на „Кока Кола“ е историски момент за компанијата, вели Фил Муни, директор на архивата на компанијата. - Компанијата отсекогаш правеше се за да ја заштити, а сега и да ја зачува во „Светот на Кока Кола“, каде ќе ја споделиме легендарната оставштина со луѓето од целиот свет.

Откако др. Џон Пембертон ја смисли „Кока Кола“ во 1886, формулата беше чувана како најстрога тајна, споделена само со мала група луѓе и воопшто не беше запишана на хартија. Во 1891, Аса Кендлер стана сопственик на Кока Кола откако ги откупи правата за бизнисот. Потоа, во 1919, Ернест Вудраф и групоа инвеститори ја откупија компанијата од Кендлер и неговото семејство.

За да го оствари купувањето, Вудраф зема заем и како гаранција обезбеди документација за формулата, замолувајќи го синот на Кендлер да ја запише формулата на хартија. Таа беше ставена во сигурносен сеф во Гаранти банката во Њујорк, се додека заемот не беше исплатен во 1925. По тоа, Вудраф си ја повлече тајната формула и ја врати во Атланта и ја стави во сеф на Траст компани банката, која сега се вика „Сан Траст“ банка, и каде таа остана се до нејзиното неодамнешно преместување во „Светот на Кока Кола“.

Гостите во „Светот на Кока Кола“ ќе можат поблиску од било кога досега да дојдат до тајната формула. На изложбата „Сефот на тајната формула“, посетителите ќе научат за најсилно чуваната трговска тајна во историјата, преку раскошна мултимедиа презентација во која се слави богатата историја, митологија, и интригите врзани со тајната формула.

Кога „Кока Кола Компани“ ја создаде оваа тајна формула пред 125 години, тајната за успехот на компанијата ја надрасна славата на денешната формула.

- Секој оној кој е дел од нашиот глобален систем, почнуваќи од партнерите од локалните заедници во земјите во светот, па се до некој кој едноставно го обожава нашиот бренд е дел од тајната на нашиот успех, рече Кент. - Ова е рецептот за успех кој ни дава доверба да ја исполниме нашата Визија 2020: континуирано да го растеме нашиот бизнис и постојано да помагаме да се изгради подобар свет и иднина за секого, насекаде.

Како дел од Визија 2020, компанијата планира да го удвои својот систем на вложувања во периодото од 2010 до 2020. Компанијата исто така има и комплет од одржливи цели како дел од нивната заложба да се биде добар водич во заштитата на околината, и истовремено и партнер со заедниците низ целиот свет.

На петочниот настан на големото отворање настапи хорот на Кока Кола и добитничката на латинските Греми награди, мексиканската пејачка и кантавторка Химена Сарињана. Хорот на „Кока Кола“ се група млади луѓе од Атланта, и со него диригира Франциско Нуњез, основачот и познатиот уметнички директор на Младинскиот хор на градот Њујорк.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »