речник контакт

„Маркард“ ќе гради фабрика крај Велес

Почетокот на градбата е предвиден за првите месеци на 2014 а да заврши година дена подоцна. Ќе зе вработат 500 лица кои ќе произведуваат делови за „Мерцедес“, „Ауди“ и „БМВ“

Петар Печков

Компанијата ќе биде во Велес и ќе произведува електронски продукции со висока технологија

Потпишан е договорот со германската компанија „Маркард ГмбХ“, инвестиција вредна над 35 милион евра. Компанијата ќе биде во Велес и ќе произведува електронски продукции со висока технологија, како составни делови за врвни германски брендови на автомобили како што се „Мерцедес“, „Ауди“ и „БМВ“. Во неа ќе бидат вработени над 500 лица.

Производствениот погон ќе почне да се гради во првиот квартал од 2014 и ќе биде со површина од 15.000 квадратни метри. Изградбата се очекува да биде завршена во почетокот на 2015, по што ќе се почне производството на автомобилските производи.

Министерот Самак  го потпиша договорот со германската фирма.

„Ова е инвестиција од големо значење бидејќи се обезбедува иднина за над 500 семејства во Велес. Со околу 75 милиони евра годишен износ на високотехнолошки автомобилски производи, Македонија и Велес стануваат места кои се' почесто обезбедуваат перспектива за мултинационални компании“, истакна Самак.

Потпретседателот за финансии на Групацијата „Маркард ГмбХ“, Лудгер Шоникер, посочи дека инвестицијата е вистинска одлука и се надева дека во блиска иднина ќе отворат барем уште две компании.

„Наидовме на висок број добро образовани и мотивирани луѓе, добра средина за нашата инвестиција, поддржана од бизнис-ориентираната Влада и тоа беше причината што се одлучиме за Македонија. Централната поставеност на земјата во ЈИЕ во голема мера ќе ја олесни доставата до нашите други фабрики и клиенти“, нагласи Шоникер.

Германската групација има компании во девет земји, САД, Мексико, Индија, Кина, Тунис, Германија, Швајцарија, Франција и Романија, каде што работат повеќе од 7.000 лица.

Од вкупниот број лица кои ќе се вработат во Велес, една третина ќе бидат висококвалификувани техничари и инженери, додека останатите ќе се дообучуваат

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »