речник контакт

„Петарди не- безбедност пред се”, предавања пред учениците во средните училишта на Велес

Пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето

Петар Печков

Во рамките на кампањата на МВР со Универзитетската клиника за превенција од употреба на пиротехнички средства меѓу младите, во средните општински училишта „Јовче Тесличков“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес, за учениците беа одржани едукативни предавања на тема - „Петарди не- безбедност пред се”.

„Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници и медицинските лица ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. Воедно им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето. Им беа и предочени и законските казнени мерки со кои може да се соочат околу недозволеното поседување и користење на пиротехнички средства и петарди“ - соопштија од МВР.

Предвавањата пред учениците од четирите средни училишта во Велес, ги одржале полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со медицински лица од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »