речник контакт

„Последниот Македонец-патот до истребување“ нов играно -документарен филм

Сценариото во филмот е на Александар Кукулев а монтажата на Данчо Стевков.Во филмот се разкажува приказната за Македонија во периодот од пред Букурешкиот договор и по него

Петар Печков

„Последниот Македонец-патот до истребување“ во режија на Илија Пиперковски е новиот македонски документарно-игран филм кој ќе биде прикажан на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Како што информираа денеска на прес-конференција од продукцијата „Тринити плус“, сценариото во филмот е на Александар Кукулев, продуцент е Снежана Лупевска Созен, кинематографер Дејан Димески, а монтажа Данчо Стевков.

Сценаристот Кукулев, информира дека во филмот се разкажува приказната за Македонија во периодот од пред Букурешкиот договор и по него.

 Во филмот се раскажува разединетоста на организацијата и она што, како последица од тоа се случува меѓу населението, појасни Кукулев.

Според него филмот ќе предизвика реакции кај историчарите, но и кај сите кои што ќе го гледаат.

Режисерот Пиперковски рече дека филмот се поврзува и со денешно време во кое, како што рече, како и пред сто години така и денеска се случуваат истите проблеми што сме ги имале како народ и нација.

Според продуцентот Снежана Лупевска Созен, во сценариото на Кукулев се дознава зошто Макодонија пред 100 години не станала држава кога сите соседи добиле незавизни држави. Во него според Лупевска се дознава што сме правеле ние, што е тоа во генот на македонскиот народ односно во нашиот код што нечини.

За жал има разочарувачки моменти од македонската историја кои покажуваат неединство, истребување, убиства… Во едно семејство ќе најдете еден брат за Грците друг за Бугарите трет за Србите. Ќе најдете луѓе од тогашната организација кои биле разединети и политички и идеолошки, но ќе најдете и Македонец кој е навистина Македонец и последен ли е тој Македонец кој и мислел добро на Македонија, истакна Лупевска Созен.

Сто години потоа, преку филмот, рече таа, поводот е да се потсетиме да не ни се повтори историјата.

Меѓутоа, можеби така сакала судбината, филмот да го емитуваме во време кога во Македонија навистина имаме една политичка криза и ако размислам добро можете само да им ги смените имињата на ликовите од пред сто години со денешниве политичари и секој ќе се препознае со некој лик, кои се луѓето во денепшно време кои управуваат со оваа држава. Се надевам дека филмот ќе биде поука за политичарите, рече Лупевска Созен

Во филмот кој е поддржан со сретства на Агенцијата за филм на Република Макеоднија, играат Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Билјана Драгичевиќ Пројковска….

Премиерата е во сабота (19 септември) во 16,30 во салата на Театар Битола во рамките на фестивалот ,,Браќа Манаки,,.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »