речник контакт

„Тврдина“ од Игор Крајчев песна на денот во Вокс поетика

Списанието „Вокс поетика“ е овластен предлагач за престижните награди „Најдоброто на интернет“ и „Пушкарт“ наградата, кои се доделуваат годишно

Петар Печков

Песната „Тврдина“, на поетот Игор Крајчев, препеана на англиски јазик, е објавена како песна на денот во реномираното американско списание „Вокс поетика“ (Vox poetica), на 4ти јуни, 2014 година.

Списанието „Вокс поетика“ е овластен предлагач за престижните награди „Најдоброто на интернет“ и „Пушкарт“ наградата, кои се доделуваат годишно.

Поезијата на Игор Крајчев е досега промовирана во Македонија, Австрија, Канада и САД, а Крајчев е преведуван на хрватски, англиски, украински јазик и застапен во повеќе македонски и странски антологии. Автор е на една поетска книга и два романи. Добитник е на Деветоноемвриско признание  на град Велес и наградата „Прозни мајстори“.

Песната „Тврдина“ во англиска верзија  можете да ја погледнете овде:
http://voxpoetica.com/fortress/

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »