речник контакт

„Шекспиријада“ на студентите од ЕФТА во Велешкиот театар

Претставата ќе се одигра на мала сцена, в петок 1-ви февруари во 20ч.

Петар Печков

Во петок, на 1-ви февруари, на Малата сцена на Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес со почеток во 20 часот ќе гостува испитната претставата „Шекспиријада“ на студентите по актерска игра од Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕФТА“ од Скопје од класата на проф. Дејан Пројковски.

Претставата е колаж на монолози и дијалози од повеќе драми на Вилијам Шекспир како „Венецијанскиот трговец“, „Макбет“, „Хамлет“, „Ромео и Јулија“, „Ричард трети“, „Отело“ и „Крал Лир“.

Во претставата настапуваат студентите: Никола Јанев, Андреј Лалчевски, Кристијан Саздовски, Марија Кондовска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска, Марија Баркова, Матеј Стојковски, Харис Салковски, Никица Јанковски и Томе Станковски.  Ова е нивна испитна претстава 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »