речник контакт

,,Ах љубов моја,, и ,,Јавачи на коњот,, пред велешката кино публика (видео)

Двата најнови македонски филмови месецов на репертоар на велешки театар

Петар Печков

Сабота 20-ти мај и петок 26-ти мај, во велешки театар ќе бидат прикажани двата најнови македонски филмови, комедијата ,,Ах љубов моја,, на Коле Ангеловски и   животната драма ,,Јавачи на коњи,, на Марјан Гавриловски.  Почетокот на претставите е во 20ч. Филмот

,,Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во  хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, со многу хумор и забава.

Жанр:    Комедија, Романтичен / љубовен
Глумци: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Марија Кондовска, Соња Стамболџиоска  Режија:  Коле Ангеловски   траење - 111 Минути  Четврта категорија, 16+

Приказната  во  ,,Јавачи на коњи,,  носи приказна за тројца бездомници и нивните мечти,  го следи животот на двајца бездомници кои живеат под еден запуштен мост. Мапет е хендикепиран, а Алек се грижи за него опсесивно. Деновите им минуваат еднолично додека не се појави Сара, уличарка која западнала во неволја. Тие криејќи ја кај нив стануваат како семејство. Еден ден Алек наоѓа стара запуштена куќа и се преселуваат во неа. Но имаат нов проблем, Мапет снемува од неговите лекарства. Бидејќи немаат пари да ги купат, Сара оди да краде и никогаш не се враќа.  
Жанр:    Драма
Глумци: Никола Кузелов, Бобан Кулески, Долорес Поповиќ  Режија:    Марјан Гавриловски траење 85 минути,  Трета категорија, 12+

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »