речник контакт

,,Боите на танцот,, ја освои велешката публиката

18-те балетани од Измир Турција, ги воодушевија гледачите

Петар Печков

Гостувањето на Државниот  Балет од Измир -Турција ја фасцинира велешката публика, која во полната сала од  театарот ги врати гостите и на бис. Националниот балет од Измир се претстави со ,,Боите на танцот,, по кореографија на Мехмед Балкан.  

Со многу енергија, современ танц, учество на 18 балетани, тие ја освоија публиката  која ги испрати со силен аплауз.  Претставата е приказна од повеќе слики, сите со една заедничка нитка-љубовта како и видео презентации.  Нив ги поврзува широка лепеза од  музичка илустрација, од класика од Бах, до турски   традиционални ритмови но и  современа интерпретација. 

Претставата ги прикажува човечките релации и  приказната за љубовта.   Што се однесува до музиката, сакавме да создадеме можност на европската публика  да  слушне турски  композитор и турска музика, но и европска калсика - рече авторот Балкан.

Тој е директор на сите национални балети во Турција. Со оваа танцова претстава Балетот од Измир минатата година има гостувано во Јапонија, во Париз -Франција,   во Португалија.  Тој во Македонија одржа две претстави одиграни во рамките на Танц Фест програмата, во Скопје и Велес.   Директорката на фестивалот презадоволна од претставуањето на Турците во земјава.

Танц Фест секоја година се труди да донесе разновидна програма.  Публиката виде исклучително добри и квалитени танчери со прекрасна кореографија. Тоа се почувстува и со приемот од публиката. Преку музиката имавме интересен спој на две култури и мислам дека одлично функционираше - рече Рисимкин.  

Претставата ,,Боите на танцот,, беше дел од програмата на Танц Фест, кој се прикажува и во Велес.  Следна претстава  која ќе се одигра во  Велес  за седум дена е   повторно гостување, STRATES  на Bintou Dembele Dance Company од Париз, Франција.

Минатата година велешани сеуште го помнат гостувањето на Драгон фу танцовата компанија од Кина, која беше во рамките на Танц Фест. Оваа претстава беше една од настатите на годината. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »