речник контакт

,,На брегот на Еуфрат,, нова книга на Родна Јанчева

Промовирана е вчеравечер во Ликовниот салон. Ова е нејзин втор роман

Петар Печков

Промовирана  е  новата книга на  Родна Јанчева ,, На брегот на Еуфрат,,. Велешанката Јанчева, поранешната директорка на Центарот за социјални грижи, во своето второ дело, продолжува да пишува слики од животот.

 Ова е социјален роман, го пишував неколку месеци годинава. Случувањета се од новите општествени збиднувања, не само кај нас туку и пошироко. И многу љубов, која ја чувствувам  длабоко во себе,  која ги покрива сите други чувуства, како што се тагата, жалоста, омразата, осветата - рече Јанечва.  Нејзина прва книга беше исто така  роман, ,,Детето со  променет идентитет,, а отпечатена во Унистар.  промотор на книгата беше Лила Арсова.

Повторно авторката нуди социјален роман, но сместен во современо  време, современо општество.  Родна не води низ оваа книга во авантурите на младиот човек. Таа не дава опис на ликовите, но детално ги   опишува нивните  чувства. Преовладува љубовата и почитта, има човештина и правдината на крајот победува - рече Арсова.  

 Авторката како епски раскажувач, се држи строго настрана, не коментира и не се става на ниедна страна од ликовите, туку ги остава да дејствуваат по логиката на своето битие, таа е исклучителен добродател.  Личностите и настаните имаат општочовечки квалитет во урбаната средина каде ги завршуваат факултетите, каде добиваат локална боја со социјална одреденост. Тоа е симболична слика на човековиот свет и на судрувањата во некои општествени категории во нашето време - вели Божидар Јовиќ, исто така промотор на книгата. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »